18.4.08

г-дине Глигоров, барам извинување!

Почитуван Претседателе,

Во име на функцијата која ја извршувавте во тек на двате мандати кои ви ги дадоа граѓаните на Република Македонија, јас како жител и граѓанин на оваа држава кој нема проблем со своето потекло и национален идентитет барам од вас објаснување и појаснување за вашите ставови, јавно искажани и видливи на следното видео:



При тоа Ве прашувам, дали вашиот мандат Ви беше даден за да ја зачувате македонската истоија и македонскиот национален идентитет и да носите мудри и одлуки и при тоа да давате издржани изјави, или пак, мандатот ви беше даден за на нашите јужни соседи им го обезбедите едениот од главните аргументи со кои сега не толчат во нивната апсурдна борба за уништување на нашата национална свест и потекло.

Доколку имате барем малку почит кон сопствениот народ, како и функцијата која ја вршевте - од вас очекувам, а убеден сум и многумина други, да истапите на некој од македонските медиуми и јавно да се извините за омаловажувањето на Македонската историја, на Македонската култура, како и на сите наши претци кои ги дадоа своите животи за Вие и јас да живееме во сопствена држава.

Нема коментари: