17.10.07

Ден потоа и како да го сочуваме

Со оглед на ситуацијата, ова ќе биде текст кој во себе ги содржи моите размислувања нафрлени баш онака како што ми навираат... Не, нема да пишувам јас за што го чувствувам, бидејќи Шепард многу добро ги презентираше колективните чувства на сите нас во моментов. За тоа тука.

Јас размислувам за нешто друго.

Размислувам ова утро и се согласувам со ставот кој што го искажа Метју Нимиц по прашањето на бесцелни расправии чив е Александар Македонски. Не можам, а да не се согласам со него дека ние (а и грците), величиме тиранин кој што без разлика колку космополитски идеи имал, иако јас лично се сомневам во вистинитоста на истите, сепак светот го освоил по пат на сила. Газел, палел и убивал за да го оствари својот личен сон да стаса далеку на исток. За прашањето: што со тоа и што планирал потоа - јас навистина не можам да најдам ниту еден здраво разумски и логичен одговор.
Плус, живеел пред илјадници години.

Од друга страна - ја имаме Гонџа Бојаџиу која дефинитивно не отиде во поход да го освои светот, туку истиот тој свет, препознавајќи ја добрината во таа скромна жена се реши да ја признае како колективно добро и да ја прогласи за светица. Конечно и нејзиниот град преку неколку бистри луѓе успеа да издејствува споменик, спомен плоча, скора изградба на спомен куќа и така натаму. И со полно право...

Потоа го имаме трагично загинатиот (или трагично погубениот, тоа тек ќе го видиме) претседател Борис Трајковски. Се прашувам - има ли во главниот град некакво спомен обележје за овој човек?

И сега на крајот - загина и најголемиот македонски амбасадор. Човекот кој допринсе повеќе од сите наши дипломати и аташеа ставени на едно место... и како што веќе кажав во претходниот текст - не беше ниту платен за тоа.
Човекот кој што како ретко до сега со својата смрт успеа, па макар и за момент, да ги подзалепи сите наши поделени групи и групички и тоа без разлика по која основа беа разделени. Па макар и по прашањето - прекин на работа на собранието. Таква слога до сега во нашиот законодавен дом јас немам видено. Вистинско Чудо (со намерно зголемено „ч“).

А еве го и чудото што се случува со рајата балканска:

„Секогаш ќе бидеш омилен, не можам да верувам дека го изгубивме амбасадорот на музиката, Тоше те сакав најммногу, толку многу што не можам да опишам.
Збогум Брате.“
Сенур Незири, Куманово, Македониjа

„Драги наш Тоше, нашао си кључ бесмртности јер си живео живот вредан сећања. Вечна ти слава и хвала. Нека те анђели чувају.“
Данијела и Предраг Димитријевић, Рипањ, Србија

„Ти беше симбол на љубов која не знаеше за вера и нација, каква загуба за сите нас.
Не можам да најдам зборови да ја искажам оваа тага што ми го притиска срцето. Македонија плаче по тебе, добар човеку, хуманитарецу и вернику.
Сочувство на фамилија Проески која ги преживува најтешките моменти во нивниот живот.
Нека Алах ти ги отвори џенетските капии.“
Суада Балијагиќ, Германија

„Тоше беше и си остава велик певец и артист. Бог да го прости!
Цяла България тъгува заедно с вас. Вече цял ден по радиата и телевизиите пускат неговите прекрасни песни.“
Калин Тодоров, Монтана, България

„И плачу данас и анџели за тобом јер си и сам био анџео
Пјево си СРЦЕ НИЈЕ КАМЕН и данас смо сви спознали да СРЦЕ НИЈЕ КАМЕН јер су наша сломљена
Спавај анџеле нека ти је лака твоја Македонска земја коју си толико волио и толико се поносио њоме.
Хвала што си био дио наших живота.
Искрена сучут обитељи и свим држављанима Македоније који су га несебично вољели као и ми Хрватској.

Р.И.П. добри анџеле“
Сузана Рајновиќ, Загреб, Хрватска

Останатите изјави: тука. Воедно и извинување до редакцијата на А1 телевизија што си дозволив да пренесам неколку од нив без писмена солгасност од А1. Се надевам дека нема да ми замерат...

Вчера, во интервју за МТВ, актерот Васил Шишков даде изјава. Го изрази своето сочувство и на самиот крај рече: „...не е фер од бога. Ама не е фер ниту од нас!“. Со оваа изјава ми ја потврди онаа мудрост, или мисла, како веќе сакате, дека: „Никој не е пророк во своето село“. Така е и за Тоше. Требаше да се случи вакво нешто за оние кои што до вчера го кудеа и плукаа по него - сега да леат солзи на градските плоштади ширум државата.

И така доаѓам до новата идеја. Новата иницијатива која што се надевам ќе го спаси Тоше Проевски од заборавот и тоа од оној истиот заборав во кој што сега и г-динот Борис Трајковски пополека тоне.
Би сакал на сред плоштад Македонија да видам спомен биста и/или спомен фонтана со името на овој наш човек. Без разлика дали некој сака или не сака да се сложи со мене - Тоше беше и се надевам ќе остане во нашите срца голем човек. Светец сигурно не бил, ама за мене лично - поголем е и од Александар. Оти и Тоше тргна во поход на светот, ама по пат не уби никого.

А и време е. Навистина е време да расчистиме со далечното минато и за промена да се позанимаваме со она што ни се случи вчера и во поблиската историја. Можеби така - ќе можеме по извесно време и по извлечените поуки да почнеме да се занимаваме со она што ни се случува денеска или дај боже со она што тек треба да ни се случи утре. Па така.. го молам македонскиот граѓанин за еден здрав ментален скок. Го молам да застане, да си го чукне прстот во чело и малце да размисли, па се надевам и да свати дека нашето национално благо, нашето наследство не е само од пред 2 или 3 илјади години, туку го имаме и го градиме и во претходниве 15. Тоше Проески беше и ќе остане најскапиот дел од тоа наше новоисториско национално азно.

Крушево и неговата општина ќе најде сигурно начин како да му се оддолжи. Скопје (каде што живеам, а и како главен град) исто така треба да најде начин и тоа видлив за сите, да се оддолжи на овој човек за сета промоција што ја направи низ светот.

Во секој случај, попрво би сакал биста на Тоше на плоштадот со микрофон во раце, отколку биста на Александар со копје. А и граѓаните вчера по некој чуден случај баш таму решија да палат свеќи.

За моите ставови кудете ме слободно... а во меѓувреме, ве поканувам запалете барем една свеќа, па макар и виртуелна: gratefulness.org

16.10.07

Ми тркалаат машки солзи...

Не можам да работам во моментов. Морам да го извадам ова од системот за да можам да го продолжам денот.
Во нашата држава малце луѓе можат да бидат пофалени дека биле вистински амбасадори на нашиот народ, на нашата култура... на нашата традиција. Но, уште помалку од нив можат да бидат пофалени дека направиле нешто за нас сите, за нас како нација, а при тоа без да бидат воопшто ставени на државен платен список или да имаат посебни бенефииции, привилегии или дипломатски статус. Еден од нив, а кој знае, можеби и единствен - беше Тоше Проески.

Човекот кој не пропушташе на концерт да запее традиционална македонска песна. Човекот кој со својот „Божилак“ и својот кристелен глас де факто и де јуре ја презентираше македонската традиционална песна и култура насекаде низ светот. Човекот со кој што сите бевме горди да кажеме дека наш, Македонец, со целото срце и битие.
Човекот кој ако помнам како што треба беше прогласен за амбасадор на добра воља на УНИЦЕФ.
Човекот кој со својот хуманизам - барем јас мислам така, не засени сите нас заедно.

И сега... загубивме нешто прекрасно на кое што сите бевме горди. Загубивме вистински уметнички великан.

И сега... додека не можам да се освестам за шокантната информација за смртта на Тоше Проески и да ги средам мислите кои ми навираат исто како што ми навираат солзите на очи, сепак се издвојува една мисла постојано. Еден заклучок кој некако ми се врти во главата и можеби сосема малку ми дава утеха:
Вистина е дека ѕзвездите кои сјаат толку силно и толку светло - навистина кратко траат. Но вистина е и дека луѓето не треба да тагуваат затоа што некоја ѕзвезда згаснала така брзо. Сепак, можат да се пофалат дека виделе така сјајно небесно тело. Многумина други никогаш и немале шанса за да видат ѕзвезда налик на таа.
Можеби е точно дека бог ги сака големите луѓе близу до себе...

ЛЕСНА ТИ ЗЕМЈА ПРИЈАТЕЛЕ! ЌЕ ТЕ ПОМНАМ.

Од таму - би сакал да покренам иницијатива и се надевам дека овој текст вака или онака ќе стаса до очите на надлежните. ПРЕДЛАГАМ 17ти ОКТОМВРИ ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ДЕН НА ЖАЛОСТ. На нашиот Тоше - му го должиме барем тоа!

Им благодарам на сите кои ќе го пренесат овој предлог до надлежните инстанци во државата.

2.10.07

Жута тачка...!

Само гледам и се чудам...
„Фи-Ком“ да ти бил играчка. Новиот играч, не ни можам да си поверувам на ушите, е „ГИА Инженеринг“ и моето другарче Ѓорѓи Шоптрајанов од генерација од основното училиште „Браќа Рибар“. Шизиков еден стан го продавал и до 7 пати. Како референца, еве ги вестите од А1 и од МакФакс.

И да се разбереме. Не му се чудам јас на Шопот. Он само докажува дека навистина лакомоста е она што го врти светот. На крајот на краиштата он од секогаш беше неодговорен. Па дури и во основно... но толку за него. Што дробел - ќе срка!

Се чудам јас на нешто друго. Но, пред да кажам - една мала дигресија. Летово на одмор запознав еден интересен млад човек од Војводина. Во еден наш релаксиран муабет пред да влеземе во длабочините на Егејското море, ми рече... „Ма и онако су сви свесни да су македонци пичке!“.
Ме навреди, да. Здоболе тоа што го кажа, иако беше повеќе кажано на шега, ама навистина не сакав да се расправам со него и да му противречам на тогаш за мене изречената глупост. Денот ми беше убав... не гледав зошто би си го расипувал.

Денеска ми е јасно дека типот е во право!

Се чудам само колку вакви настани треба да ни се случат? Колку фикоми и гии треба да имаме за конечно да не удри нешто од глава и да си ги решиме проблемите.
Навистина се чудам како сеуште никој од овие мафиози не заврши онаму каде што му е местото??
Мислам... стварно не ми е јасно како некој може да дозволи да му отиде целата животна заштеда, па дури и кредитот што веројатно го земал за да ја надополни сумата, пред да му удри жута тачка у глава и да ги земе работите во свои раце?!
Па од газдиве веќе споменати, а и сите налик нив да направи убав пример за памет на останатите на кои им паднала слична идеја на ум!

И уште читам на МакФакс, дека дел од измамените граѓани сакале да му ги дозволат трите дена кои им ги побарал за наводно да ги врати парите... Хах! Можеле и сами да тркнат до МАТ за да му купат карта за Карибите во еден правец!

Ете, на тоа се чудам јас - на нашиот народ и неговата глупост. Но, реков погоре, Шопот што дробел - ќе си срка. Вие и јас можеме само да нагаѓаме што тој издробил.
Само, знаете што. И ние Македонците дефинитивно си го сркаме она што 15, море не, 50 години наназад си го дробиме!

И ете сега со чиста свест да констатирам дека мојот пријател беше во право - македонецот е пичка!
А и јас сум една од нив. Требаше да му зачукам еден бокс кога ми кажа дека сме тоа што сме...
...онака, како што он тоа ми го изџвака - на шега!

1.10.07

Ширете ја вистината

Интересен документарец кој што може да се најде на YouTube. Раширете ја вистината за Македонија.
Еве го и линкот, како и embed кодот преку кој што можете да го додадете на вашите веб страници.

линк: http://www.youtube.com/watch?v=CAYIDO5832Q

embed код:
<object height="350" width="425"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/CAYIDO5832Q"><param name="wmode" value="transparent"><embed src="http://www.youtube.com/v/CAYIDO5832Q" type="application/x-shockwave-flash" wmode="transparent" height="350" width="425"></embed></object>




Ве молиме почекајте...

Дојде време да ја менувам личната карта. Кога сме веќе таму дојде време да ја менувам и возачката дозвола. И така... го посетив сајтот на МВР, ја најдов релевантната вест... го најдов и телефонскиот број 0800 192 92 и почнав да вртам.
8:30... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени... “ (тиииит)...
„Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени... “ (тиииит)... „Ве молиме почекајте...“ - и така наредните 5 минути.
хм. Ок, луѓето веројатно сеуште пијат кафе. Тешко е да се работи во државна администрација... ај подоцна!

9:10 „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“...
„Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... (тиит)... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... (тиииит)... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“... „Ве молиме почекајте, сите оператори се зафатени“...
- и така до 9:25. Хм... што ли прават?? Читаат новини?! Бистрат политика?!? Во WC се???

Да појасниме - телефонскиот број е до денеска активен точно еден месец. Започна на 1ви Септември за закажување за пасош... така што, оправдувања од тој тип - нема.

Сервис на граѓаните а?
А да тркнам јас до Македонска Телевизија, можеби таму ќе завршам побрзо работа...