16.10.07

Ми тркалаат машки солзи...

Не можам да работам во моментов. Морам да го извадам ова од системот за да можам да го продолжам денот.
Во нашата држава малце луѓе можат да бидат пофалени дека биле вистински амбасадори на нашиот народ, на нашата култура... на нашата традиција. Но, уште помалку од нив можат да бидат пофалени дека направиле нешто за нас сите, за нас како нација, а при тоа без да бидат воопшто ставени на државен платен список или да имаат посебни бенефииции, привилегии или дипломатски статус. Еден од нив, а кој знае, можеби и единствен - беше Тоше Проески.

Човекот кој не пропушташе на концерт да запее традиционална македонска песна. Човекот кој со својот „Божилак“ и својот кристелен глас де факто и де јуре ја презентираше македонската традиционална песна и култура насекаде низ светот. Човекот со кој што сите бевме горди да кажеме дека наш, Македонец, со целото срце и битие.
Човекот кој ако помнам како што треба беше прогласен за амбасадор на добра воља на УНИЦЕФ.
Човекот кој со својот хуманизам - барем јас мислам така, не засени сите нас заедно.

И сега... загубивме нешто прекрасно на кое што сите бевме горди. Загубивме вистински уметнички великан.

И сега... додека не можам да се освестам за шокантната информација за смртта на Тоше Проески и да ги средам мислите кои ми навираат исто како што ми навираат солзите на очи, сепак се издвојува една мисла постојано. Еден заклучок кој некако ми се врти во главата и можеби сосема малку ми дава утеха:
Вистина е дека ѕзвездите кои сјаат толку силно и толку светло - навистина кратко траат. Но вистина е и дека луѓето не треба да тагуваат затоа што некоја ѕзвезда згаснала така брзо. Сепак, можат да се пофалат дека виделе така сјајно небесно тело. Многумина други никогаш и немале шанса за да видат ѕзвезда налик на таа.
Можеби е точно дека бог ги сака големите луѓе близу до себе...

ЛЕСНА ТИ ЗЕМЈА ПРИЈАТЕЛЕ! ЌЕ ТЕ ПОМНАМ.

Од таму - би сакал да покренам иницијатива и се надевам дека овој текст вака или онака ќе стаса до очите на надлежните. ПРЕДЛАГАМ 17ти ОКТОМВРИ ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ДЕН НА ЖАЛОСТ. На нашиот Тоше - му го должиме барем тоа!

Им благодарам на сите кои ќе го пренесат овој предлог до надлежните инстанци во државата.

2 коментари:

Анонимен рече...

не треба иницијатива... веќе владата го прогласи 17ти окт. за ден на жалост.... Тошка ќе биде погребан со високи државни почести.

Speculatio ex Macedonia рече...

Ицко ти благодарам за информацијата. Тукушто прочитав и јас на МакФакс. Убаво е да се знае дека реагираа брзо и дека никој не требаше да ги потсети.