18.4.08

Кој припрема војна во Македонија

„Кога мудриот покажува кон месечината, будалиот го гледа само неговиот прст“

1. Факт. Од пред 3 месеци, прашањето за името прерасна во политичко прашање во кое едната (еконосмки и воено) послаба држава има наводни територијални претензии кон другата држава.

2. Факт. Низ Грција и Бугарија треба да се гради нафтовод во руска сопственост кој ќе биде директна конкуренција на нафтоводот АМБО (Албанија, Македонија, Бугарија) кој е во американска сопственост.

3. Факт. САД веднаш по дебаклот во Букурешт на Македонија и понуди специјален воено-технички договор со кој очајнички се труди да ја заштити својата нова инвестиција АМБО, како и старата инвестиција Бондстил кој примарно е изграден за заштита на американските интереси во Југоисточна Европа.

4. Факт. Грција пред неколку месеци во трансакција вредна над 1,2 милијарда долари со Русија договори откуп на 420 тенкови. (извор) Тие тенкови, не се по НАТО стандарди.

5. Факт. Националистичкото расположение на грчкиот народ постојано се подгрева со изливи на патриотизам и ослободување на „северни“ територии. На YouTube и сличните сервиси се повеќе можете да наидете на вакви видеа: тука, тука и тука.

6. Факт. Европските туристи, летово ќе ја избегнуваат Македонија, наводно поради ситуацијата во Србија и Косово. (извор)

7. Факт. На дневна основа притисокот од Грција само се зголемува. До сега:
  • Македонија доби вето за влез во НАТО
  • За македонските граѓани не важи „шенген“ визниот режим доколку сакаат да патуваат во Грција
  • Контролите и условите на грчко-македонската граница се зголемени и влошени
  • На националниот авио-превозник му се забрануваат прелети преку грчки воздушен простор, а се најавува дека истото ќе биде направено и за сите македонски авио-превозници.
  • Македонцските градови преку пропагандни документарци се прикажуваат како места во кои цвета проституција и наркоманија
  • Се делат памфлети од грчката страна на границата со кои на нивните граѓани не им се препорачува да патуваат во или низ Македонија бидејќи - „таму не е безбедно“
  • Туристичките аранжмани од грчките агенции и тур-оператори во Македонија се комплетно откажани
  • Се најавува вето за добивање на датум за започнување на преговорите со ЕУ
  • Се најавува вето за потпишување на договор ЕУ-Македонија за олеснување, те. воведување на безвизен режим за граѓаните на Р. Македонија
8. Факт! Да не го изумиме и хитот на месецот.




Сега мили мои интелектуалци, експерти, „слободни“ новинари и државотворни политичаришта, јас вас ве прашувам: кој е будалиот, кој е мудриот и каде покажува неговиот прст ?

Нема коментари: