2.10.07

Жута тачка...!

Само гледам и се чудам...
„Фи-Ком“ да ти бил играчка. Новиот играч, не ни можам да си поверувам на ушите, е „ГИА Инженеринг“ и моето другарче Ѓорѓи Шоптрајанов од генерација од основното училиште „Браќа Рибар“. Шизиков еден стан го продавал и до 7 пати. Како референца, еве ги вестите од А1 и од МакФакс.

И да се разбереме. Не му се чудам јас на Шопот. Он само докажува дека навистина лакомоста е она што го врти светот. На крајот на краиштата он од секогаш беше неодговорен. Па дури и во основно... но толку за него. Што дробел - ќе срка!

Се чудам јас на нешто друго. Но, пред да кажам - една мала дигресија. Летово на одмор запознав еден интересен млад човек од Војводина. Во еден наш релаксиран муабет пред да влеземе во длабочините на Егејското море, ми рече... „Ма и онако су сви свесни да су македонци пичке!“.
Ме навреди, да. Здоболе тоа што го кажа, иако беше повеќе кажано на шега, ама навистина не сакав да се расправам со него и да му противречам на тогаш за мене изречената глупост. Денот ми беше убав... не гледав зошто би си го расипувал.

Денеска ми е јасно дека типот е во право!

Се чудам само колку вакви настани треба да ни се случат? Колку фикоми и гии треба да имаме за конечно да не удри нешто од глава и да си ги решиме проблемите.
Навистина се чудам како сеуште никој од овие мафиози не заврши онаму каде што му е местото??
Мислам... стварно не ми е јасно како некој може да дозволи да му отиде целата животна заштеда, па дури и кредитот што веројатно го земал за да ја надополни сумата, пред да му удри жута тачка у глава и да ги земе работите во свои раце?!
Па од газдиве веќе споменати, а и сите налик нив да направи убав пример за памет на останатите на кои им паднала слична идеја на ум!

И уште читам на МакФакс, дека дел од измамените граѓани сакале да му ги дозволат трите дена кои им ги побарал за наводно да ги врати парите... Хах! Можеле и сами да тркнат до МАТ за да му купат карта за Карибите во еден правец!

Ете, на тоа се чудам јас - на нашиот народ и неговата глупост. Но, реков погоре, Шопот што дробел - ќе си срка. Вие и јас можеме само да нагаѓаме што тој издробил.
Само, знаете што. И ние Македонците дефинитивно си го сркаме она што 15, море не, 50 години наназад си го дробиме!

И ете сега со чиста свест да констатирам дека мојот пријател беше во право - македонецот е пичка!
А и јас сум една од нив. Требаше да му зачукам еден бокс кога ми кажа дека сме тоа што сме...
...онака, како што он тоа ми го изџвака - на шега!

4 коментари:

Unknown рече...

Да пичко. Си требал да му ја учукаш, на заебанција.
Пошто не си, прифаќаш да бидеш пичка.
Дали помосли дека тој искрено мисли ЗА ТЕБЕ дека си пичка ?
Е па пичко, за тебе е документирано дека си пичка, а за останатите - не е.
И уште нешто: како тоа мислиш “пријател“ ?
Ако ТВОИТЕ пријатели те нарекуваат пичка, знаеш ли човече божји (и глупане) како те нарекуваат не-пријателите ?

Speculatio ex Macedonia рече...

Не знам како ме нарекуваат непријателите. Не ме интересира. А он е пријател затоа што не ми прави лице и ми го кажува тоа што го мисли. Не сакам лицемери...

Дека сум пичка - тоа самиот го документирав погоре.
Дека и останатите се пички - тоа е очигледно од минатите 15 години.

Јас се имам соочено со болната вистина. А ти?
Сепак, драго ми е што не го делиш мојот став. Гледам и дека сметаш дека не припаѓаме на истиот сој. Супер! А сега од кога го утврдивме тоа... излези надвор и направи нешто со што, не на мене, туку на себе ќе си докажеш дека не си истото што и јас. Направи нешто добро за својот народ и по цена на својата иднина. Биди барем половина храбар од храброста што ја покажа со твојот коментар.

Поздрав и се' најдобро!

Бојан Николов рече...

Успат, има ли овој Шоптрајанов било каква врска со професорот Шоптрајанов? Знам дека е ептен вон контекстж, ама ме занимаше онака..

Biceps Brachii рече...

На место ти е заклучокот.