Со оглед на ситуацијата, ова ќе биде текст кој во себе ги содржи моите размислувања нафрлени баш онака како што ми навираат... Не, нема да пишувам јас за што го чувствувам, бидејќи Шепард многу добро ги презентираше колективните чувства на сите нас во моментов. За тоа
тука.
Јас размислувам за нешто друго.
Размислувам ова утро и се согласувам со ставот кој што го искажа Метју Нимиц по прашањето на бесцелни расправии чив е Александар Македонски. Не можам, а да не се согласам со него дека ние (а и грците), величиме тиранин кој што без разлика колку космополитски идеи имал, иако јас лично се сомневам во вистинитоста на истите, сепак светот го освоил по пат на сила. Газел, палел и убивал за да го оствари својот личен сон да стаса далеку на исток. За прашањето: што со тоа и што планирал потоа - јас навистина не можам да најдам ниту еден здраво разумски и логичен одговор.
Плус, живеел пред илјадници години.
Од друга страна - ја имаме Гонџа Бојаџиу која дефинитивно не отиде во поход да го освои светот, туку истиот тој свет, препознавајќи ја добрината во таа скромна жена се реши да ја признае како колективно добро и да ја прогласи за светица. Конечно и нејзиниот град преку неколку бистри луѓе успеа да издејствува споменик, спомен плоча, скора изградба на спомен куќа и така натаму. И со полно право...
Потоа го имаме трагично загинатиот (или трагично погубениот, тоа тек ќе го видиме) претседател Борис Трајковски. Се прашувам - има ли во главниот град некакво спомен обележје за овој човек?
И сега на крајот - загина и најголемиот
македонски амбасадор. Човекот кој допринсе повеќе од сите наши дипломати и аташеа ставени на едно место... и како што веќе кажав во претходниот текст - не беше ниту платен за тоа.
Човекот кој што како ретко до сега со својата смрт успеа, па макар и за момент, да ги подзалепи сите наши поделени групи и групички и тоа без разлика по која основа беа разделени. Па макар и по прашањето - прекин на работа на собранието. Таква слога до сега во нашиот законодавен дом јас немам видено. Вистинско Чудо (со намерно зголемено „ч“).
А еве го и чудото што се случува со рајата балканска:
„Секогаш ќе бидеш омилен, не можам да верувам дека го изгубивме амбасадорот на музиката, Тоше те сакав најммногу, толку многу што не можам да опишам.
Збогум Брате.“
Сенур Незири, Куманово, Македониjа„Драги наш Тоше, нашао си кључ бесмртности јер си живео живот вредан сећања. Вечна ти слава и хвала. Нека те анђели чувају.“
Данијела и Предраг Димитријевић, Рипањ, Србија„Ти беше симбол на љубов која не знаеше за вера и нација, каква загуба за сите нас.
Не можам да најдам зборови да ја искажам оваа тага што ми го притиска срцето. Македонија плаче по тебе, добар човеку, хуманитарецу и вернику.
Сочувство на фамилија Проески која ги преживува најтешките моменти во нивниот живот.
Нека Алах ти ги отвори џенетските капии.“
Суада Балијагиќ, Германија„Тоше беше и си остава велик певец и артист. Бог да го прости!
Цяла България тъгува заедно с вас. Вече цял ден по радиата и телевизиите пускат неговите прекрасни песни.“
Калин Тодоров, Монтана, България„И плачу данас и анџели за тобом јер си и сам био анџео
Пјево си СРЦЕ НИЈЕ КАМЕН и данас смо сви спознали да СРЦЕ НИЈЕ КАМЕН јер су наша сломљена
Спавај анџеле нека ти је лака твоја Македонска земја коју си толико волио и толико се поносио њоме.
Хвала што си био дио наших живота.
Искрена сучут обитељи и свим држављанима Македоније који су га несебично вољели као и ми Хрватској.
Р.И.П. добри анџеле“
Сузана Рајновиќ, Загреб, ХрватскаОстанатите изјави:
тука. Воедно и извинување до редакцијата на А1 телевизија што си дозволив да пренесам неколку од нив без писмена солгасност од А1. Се надевам дека нема да ми замерат...
Вчера, во интервју за МТВ, актерот Васил Шишков даде изјава. Го изрази своето сочувство и на самиот крај рече: „...не е фер од бога. Ама не е фер ниту од нас!“. Со оваа изјава ми ја потврди онаа мудрост, или мисла, како веќе сакате, дека: „Никој не е пророк во своето село“. Така е и за Тоше. Требаше да се случи вакво нешто за оние кои што до вчера го кудеа и плукаа по него - сега да леат солзи на градските плоштади ширум државата.
И така доаѓам до новата идеја. Новата иницијатива која што се надевам ќе го спаси Тоше Проевски од заборавот и тоа од оној истиот заборав во кој што сега и г-динот Борис Трајковски пополека тоне.
Би сакал на сред плоштад Македонија да видам спомен биста и/или спомен фонтана со името на овој наш човек. Без разлика дали некој сака или не сака да се сложи со мене - Тоше беше и се надевам ќе остане во нашите срца голем човек. Светец сигурно не бил, ама за мене лично - поголем е и од Александар. Оти и Тоше тргна во поход на светот, ама по пат не уби никого.
А и време е. Навистина е време да расчистиме со далечното минато и за промена да се позанимаваме со она што ни се случи вчера и во поблиската историја. Можеби така - ќе можеме по извесно време и по извлечените поуки да почнеме да се занимаваме со она што ни се случува денеска или дај боже со она што тек треба да ни се случи утре. Па така.. го молам македонскиот граѓанин за еден здрав ментален скок. Го молам да застане, да си го чукне прстот во чело и малце да размисли, па се надевам и да свати дека нашето национално благо, нашето наследство не е само од пред 2 или 3 илјади години, туку го имаме и го градиме и во претходниве 15. Тоше Проески беше и ќе остане најскапиот дел од тоа наше новоисториско национално азно.
Крушево и неговата општина ќе најде сигурно начин како да му се оддолжи. Скопје (каде што живеам, а и како главен град) исто така треба да најде начин и тоа видлив за сите, да се оддолжи на овој човек за сета промоција што ја направи низ светот.
Во секој случај, попрво би сакал биста на Тоше на плоштадот со микрофон во раце, отколку биста на Александар со копје. А и граѓаните вчера по некој чуден случај баш таму решија да палат свеќи.
За моите ставови кудете ме слободно... а во меѓувреме, ве поканувам запалете барем една свеќа, па макар и виртуелна:
gratefulness.org